Ортодонција2018-10-23T08:33:23+00:00

Ортодонција

Во Ендомак се гордееме со тоа што обезбедивме првокласен ортодонтски третман каков што вие и вашето семејство заслужувате. Во нашите две клиники во Скопје и во Гевгелија, проф. д-р Стипица Поповски, заедно со неговиот искусен стоматолошки персонал, ќе работи со вас за да искреирате персонален план за лекување, со цел да добиете здрава и сјајна насмевка, каква што отсекогаш сте  посакувале.

За да се осигураме дека вие и вашето семејство добивате највисоко ниво на третман, ги користиме најнапредните ортодонтски технологии и методи на лекување и правиме и повеќе од тоа за да бидеме сигурни дека ви е удобно при секој наш чекор.

Детален ортодонтски третман

Ние нудиме широк спектар услуги за задоволување на потребите на нашите пациенти; од протези и штитници до превенција и зачувување. Секоја насмевка е уникатна и затоа соработуваме со вас за да утврдиме каков третман е потребен и кој најдобро функционира за вас.

Закажете денес!

Ако сте подготвени да го започнете патот кон вашата нова насмевка, контактирајте не за да го закажете вашиот прв состанок. Ако имате какви било прашања во врска со нашата пракса или со третманот што го нудиме, контактирајте не и нашите вработени ќе бидат среќни да ви ги дадат потребните одговори и информации.

Видови на ортодонтски протези

Традиционални ортодонтски протези

Традиционалните ортодонтски протези минале долг пат откога се измислени. Тие сега се полесни, направени се од високовалитетен не’рѓосувачки челик. Содржат многу метални држачи (брикети). Тие се мали коцкести форми, бондирани (залепени) врз секој заб, со специјален сврзувачки агенс. Протезите се поврзани со свод од жица која, прицврстена на нив, ги движи забите, а заедно со нив ги движат забите, притискајќи ги нежно кон правилно местење. Традиционалните протези се најевтини, но најзабележливи.

Лингвални (скриени) фиксни протези

Овие протези се исти како традиционалните, само се поставени од внатрешноста на забите и ги прават невидливи за другите. Лингвалните протези понекогаш се нарекуваат протези зад забите. Сепак, лингвалните протези тешко се чистат и се поскапи и се непријатни за носење. Овие протези не се соодветни за сите!

Invisalign систем

Invisalign (невидливи порамнувачи) се протези кои се состојат од серија рачно изработени проѕирни пластични штитници. Порамнувачите се вадат и треба да се заменуваат на секои две недели за да ги задржите вашите заби да се движат во вистинската насока.
Invisalign се речиси невидливи. Можете да јадете и да пиете без ограничување. Invisalign се препорачливи само за возрасни и за тинејџери. Invisalign се поскапи и третманот со нив трае подолго. Invisalign лесно може да се изгуби, а замената е скапа.

Порцелански протези

Порцеланските протези се многу слични на традиционалните, но содржат држачи кои имаат многу поприроден изглед и поприродно се изедначуваат со бојата на вашите заби. Порцелански се помалку забележливи од металните протези, но се поскапи и се полесно фаќаат флеи.

Некои од најчесто поставуваните прашања се:

Просечно, протези се носат една до три години, во зависност од прилагодливоста на личноста. Откако протезите ќе се отстранат, некои луѓе треба да носат фиксатори  уште најмалку шест месеци, и неколку години за време на спиењето.

Кога носите протези, еднаш или двапати во месецот морате да го посетите вашиот ортодонт за да се осигурате дека забите се приспособуваат како што е потребно. Ортодонтот ќе направи неопходни прилагодувања.

За време на процедурата нема да чувствувате болка. Сепак, вашите заби и непца може да ги чувствувате малку поболно по процедурата. Ако не можете да ја толерирате болката, обичен аналгетик може да помогне. Ако болката продолжи, контактирајте го вашиот ортодонт. Можеби ќе треба да направи мало прилагодување.

Процесот на вградување протези е ист, без оглед на возраста. Разлики има во времетраењето. Обично возрасните имаат потреба од подолготраен третман, бидејќи коските на возрасните не зараснуваат лесно. Значи, колку порано ги ставите протезите, толку побргу местото ќе заздрави.

Можете да продолжите да спортувате. Ако постои тенденција да ве удрат по устата, ортодонтот може да дизајнира штитник кој се носи над протезата. Штитникот е направен од издржлива пластика и одговара над вашата протеза.

Избегнувајте леплива, цврста или храна која бара многу џвакање. Меката храна се  препорачува затоа што со неа полесно се справуваат протезите.

Водич за препорачлива храна

  • Пуканки без лушпа
  • Банани
  • Јогурт
  • Меки крекери или колачиња
  • Сирење
  • Пире од компир
  • Диња
  • Грозје
  • Путер од кикирики и желе
  • Равиоли, шпагети, макарони и сирење,
    и други јадења со лажица
  • Јајца
  • Супа

Најдобра практика за протезите

Избегнувајте грицкање цврста храна. Сечете на мали парчиња и полека џвакајте.

Цврста храна, како што се:

  • Суров зеленчук, на пример моркови,
  • Француски / италијански леб
  • Овошје
  • Тврди печива
  • Пица
  • Месо
  • Бургер сендвичи
  • Варени ѓевреци
  • Пченка

Храна што треба да се избегне:

  • Пуканки
  • Ореви и семиња
  • Лепливи и тврди бонбони
  • Мастики
  • Мраз
  • Пченкарни чипсови
  • Сосови
  • Тешки колачиња или крекери
  • Леплива или тврда чоколада
  • Сода и алкохол

Оралната хигиена е потешка со протезите. Треба да обрнете повеќе внимание на  забите, непцата, протезите и жиците. Ако сте развиле некое орално заболување само ќе ви го пролонгира периодот на носење протези. Ако сте со сериозни проблеми, како што е заболување на непцата, ортодонтот можеби ќе треба да ги отстрани протезите, вашите заби и непца да заздрават за да продолжите повторно со протезите.

Набавете си четка за заби направена специјално за протези, конец со кој ќе може да маневрирате околу жиците и забите за да ги убие бактериите во празните места меѓу протезите. Ова сигурно ќе биде од помош, но мора постојано да четкате, чистите со конец и да завршите со добро миење на устата.

Македонски English Ελληνικά