Гаранција на услугите2018-10-23T08:46:29+00:00

Гаранција за направените услуги

Во Ендомак, стоиме зад секоја стоматолошка услуга што ја нудиме на нашите пациенти. Убедени сме во квалитетот  на нашата работа и тоа го поткрепуваме со гаранција што ја нудат минимален број стоматолози. Ќе направиме поправка или дури замена на забната реставрација без надомест, врз основа на следните упатства и исклучоци за период од 12 месеци од денот на услугата.

Правила и услови:

  • Да се обврзете да останете пациент на Ендомак 5 години по процедурата.
  • Да се обврзете да одржувате распоред на редовни прегледи во Ендомак, да правите орален преглед на минимум секои 3-6 месеци, чистење на секои 3-6 месеци, интраорална снимка на секои 12 месеци и панорамска снимка на секои 3-5 години.
  • Да се обврзете да одржувате висок стандард на домашна дентална нега на сите природни заби со минимум четкање и чистење со конец два пати дневно.
  • Ние ќе ја замениме реставрацијата без дополнителни трошоци за материјалите или за услугата ако изработката не е успешна и ако се исполнети сите наведени услови.
  • Гаранцијата е ништовна и неважечка ако нефункционалноста на изработената реставрација се должи на злоупотреба или небрежност од каква било форма на несоодветен третман на забот. Ова вклучува, но не е ограничено на: гризење метални предмети, џвакање мраз, самоприлагодување итн.
  • Гаранцијата е ништовна и неважечка доколку, при реставрацијата, забот треба да се отстрани или е оштетен поради стоматолошки проблем, или треба да се поправи со потпорниот заб/заби, вклучувајќи, но неограничувајќи се и на коренските канали, рекурентното распаѓање, фрактурите итн.
  • Гаранцијата не вклучува никакви трошоци поврзани со рутинското одржување кое е потребно во текот на неговиот работен век.
  • Ако докторот утврди дека е неопходен ноќен штитник (оклузален сплинт) за одржување и заштита на забите, гаранцијата ќе биде ништовна и неважечка доколку не ви е изработен или не го носите според упатствата.
  • Ако изберете било каков друг третман освен примарниот препорачан третман, тоа нема да биде покриено со гаранција.

Доколку не се исполнат наведените барања, гаранцијата за стоматолошкиот третман ќе се поништи.

Македонски English Ελληνικά