Endomak – Dental Clinic2018-10-30T09:50:58+00:00

Добредојдовте на нашиот сајт!

Ние Ви ги нудиме нашите можности и способности кои се израз на нашата посветеност на врвни резултати. Имаме одличен тим посветен на грижата за забите.

Работното време го прилагодуваме според потребите на клиентитите. Нудиме сигурност, ги почитуваме времето и довербата на нашите клиенти. ЕНДОМАК ги следи најновите достигнувања и трендови во стоматологијата и во медицината, постојано одржува квалитет и гаранција, при што води сметка за заштеда на време и пари и особено за афирмација на стоматологијата. Во чекор сме со најновите методи и техники, работиме со најсофистицирани апарати и материјали.

Кај нас сè е подредено на тоа нашите пациенти да добијат што поквалитетни здравствени услуги. Ординациите на ЕНДОМАК се модерно уредени и ги задоволуваат највисоките стандарди за просторно организирање и функционалност. Нашата цел е да се обезбеди извонредна стоматолошка грижа за целото семејство во удобна, грижлива и пријателска атмосфера.

Преку врвна стоматологија и квалитетни односи ние го подобруваме оралното здравје, ја подигаме самодовербата и ги правиме посреќни нашите клиенти.

ЕНДОМАК е приватна здравствена организација со долгогодишно успешно работење и со големо искуство во ОПШТАТА СТОМАТОЛОГИЈА, ЕНДОДОНЦИЈАТА, РЕСТАВРАТИВНАТА И ЕСТЕТСКАТА СТОМАТОЛОГИЈА, ИМПЛАНТОЛОГИЈАТА И ОРТОДОНЦИЈАТА.

Во ЕНДОМАК работат повеќе ординации кои овозможуваат комплетна стоматолошка заштита, почнувајќи од превентивни постапки за спречување на болести на забите и устата, лекување на сите заболувања на забите и меките ткива и козметски и естетски процедури со дизајнирање на насмевката.
Во рамките на ЕНДОМАК работат заботехничка лабораторија и рендген кабинети. На своите пациенти им нуди врвни здравствени услуги, почнувајќи од рутинските стоматолошки третмани, до комплексни реконструкции на тешко оштетените заби, во вистински удобна и опуштена атмосфера.

Ординациите располагаат со врвна стоматолошка опрема од најреномирани светски производители, со технички можности кои ги задоволуваат највисоките стандарди во работењето. Материјалите за работа внимателно се одбираат и за реставрација на забите се користат исклучиво материјали со висок квалитет.
Квалитет, одговорност и посветеност на работата се основните постулати врз кои се темели работата на стоматолозите во ЕНДОМАК. Секогаш се следат најновите трендови во поглед на техниките, опремата, материјалите и комуникациите. Тимот на ЕНДОМАК ги следи и ги применува врвните новини во стоматологијата и во медицината и континуирано се едуцира и обучува. Сите се занимаваат и со научна работа и објавуваат стручни текстови од својата област.

Македонски English Ελληνικά